Поради оперативен зафат на еден од обвинетите, се одложи судењето за тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци. Следното рочиште е закажано за 15-ти октомври.
Предметот го застапува скопскиот обвинител Дарко Јакимовски, а го судат Диана Груевска Илиевска и Александра Ристеска и тројца судии поротници.
Обвинети за тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци се сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо Турс“, Ремзи Мифтари кој претходно бил осудуван, машинскиот инженер порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, исто така и Горан Дуковски, Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски.
Тие се товарат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 38 беа повредени.