Одложено рочиштето за убиството на 4-годишниот Алмир Алиу

Од:

Поради работни обврски на еден од адвокатите, денеска во кумановскиот Основен суд беше одложено рочиштето против 31 годишниот Бобан Илиќ, кого обвинителството го товари дека на 25 јуни минатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом.

На денешното рочиште на барање на авдокатот на Илиќ, требаше да биде испрашан Бобан Илиќ, но поради работни обврски на адвокатот на второ, трето и четвртообвинетиот, рочиштето е одложено за 25 следниот месец. Во истиот случај против таткото на детето, Седат Алиу, и негови двајца роднини Сами Демири и Абдула Алиу, е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“,

На претходното рочиште исказ даде технички советник ангажиран од адвокатот на одбраната на обвинетиот,а на претходното, исказ даде вештак од Бирото за судски вештачења кој го презентираше сообраќајно-техничкиот извештај на барање на обвинителството. На претходните рочишта исказ во два наврати дадe невропсихијатар, како и психолог од Клиниката за психијатрија во Скопје. На првото рочиште беа сослушани Бобан Илиќ, неговиот брат, девојка му, како и мајката на четиригодишното дете.

На едно од претходните рочишта беше разгледана и видео снимка од камерите на куќите лоцирани на улицата „Борис Кидрич“ во близина на Здравствениот дом. Осомничениот се товари дека на 25 јуни лани го прегазил четиригодишниот Алмир во близина на здравствената установа во Куманово по банална расправија со таткото на Алмир за ред во здравствениот дом, по што по една недела, поради здобиените повреди, четиригодишното дете почина.

Би можело да ве интересира

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово