Одложени активностите во Собранието поради автобуската несреќа во Бугарија

Од:

Поради автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која 46 луѓе ги загубија животите, денеска се одложени сите активности во Собранието. Одложени се и сите планирани средби.

Како што информира собраниската прес-служба, само Националниот совет за евроинтеграции ќе ја одржи третата седница. Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година е единствена точка на дневен ред на седницата.

Од собраниската прес-служба додаваат дека Националниот совет за евроинтеграции ќе заседава бидејќи веќе се дојдени амбасадорите, но ќе бидат многу редуцирани за збор. Се очекува седницата да трае кратко.

Претседателот на Собранието Талат Џафери изрази сочувство лично и од име на пратениците за трагично загинатите лица во автобуската несреќа што се случи во Бугарија, со надеж и верба, како што стои во телеграмата, дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваков трагичен чин и нема да дочекаме ваков тажен ден.

На патниците кои успеаја да се спасат од оваа несреќа, им посакува брзо заздравување на физичката и на душевната болка.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието