Одложена седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните

Од:

Седницата на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните иако најавена за денеска, не одржа седница.

Претседателката на Комисијата, Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека седницата не се одржала поради тоа што не присуствувале нејзините колеги од владејачкото мнозинство, СДСМ и ДУИ.

На дневен ред на оваа седница на Постојаната анкетна комисија беше разгледувањето на претставката од граѓанинот Горан Јовановски од Тетово.

– Претставката на Јовановски се однесува на неможноста да се врати на своето работно место во Агенцијата за вработување поради директен мобинг, политичка нетрпеливост и реваншизам од страна на надлежната директорка, изјави Василевска.

Според неа, пратениците на владејачкото мнозинство предводено од СДСМ не се појавиле на Комисијата со што го покажале својот однос кон почитувањето на основните човекови права и слободи.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието