ОДИХР: Набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите, не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси

Од:

Шефот на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР за локалните избори во земјава Матео Мекачи денеска изјави дека набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите и истакна дека не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси, како и процесите по самиот ден на изборите.

Мекачи кој денеска беше на избирачкото место во Основото училиште „Лирија”, во општина Чаир истакна дека Мисијата се состои од 250 меѓународни набљудувачи, кои набљудуваат на територијата на целата држава.

-Ние сме овде како меѓународна набљудувачка мисија да го набљудуваме изборниот процес и да оцениме дали е се согласно стандардите. Ова гласачко место што го гледате позади нас е едно од многуте што ги набљудуваме. Нашата мисија се состои од околу 250 меѓународни набљудувачи, кои набљудуваат на територијата на целата Република Северна Македонија, рече тој.

Мекачи додаде дека Мисијата е воспоставена уште многу пред денот на изборите, со распоредување на 24 долгорочни набљудувачи на територијата на целата држава, кои што го набљудуваат целокупниот процес.

-И како што рековме не е битен само изборниот ден, туку битни се и предизборните процеси, како и процесите по самиот ден на изборите. Секако ги следиме сите аспекти, кои се поврзани со самите избори, тука може да ги споменеме регистрацијата на гласачи, самата кампања, финансирањето на кампања, пристапот до медиуми, гласањето на самиот ден на изборите, пребројување на гласовите и.т.н, рече Мекачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија