Општина Аеродром: Одговорното и домаќинско работење дава резултати

Од:

Во услови на сериознa економска и енергетска криза, Општина Аеродром со рационално трошење и ефикасно работење за еден месец успеа да заштеди над 7 милиони денари, средства кои ќе бидат инвестирани во проекти наменети за граѓаните, велат од Општината.

– Ветивме и имаме обврска да креираме одговорни политики на одговорно трошење и штедење, особено во услови на светска економска криза. Ред, одговорност и отченост во работењето се темелите на кои се заснова работењето на актуелно општинско раководство, соопшти Општината.

Рационализацијата на трошоците и инвестиции во проекти кои ќе штедат електрична енергија ќе продолжат и во иднина, а заштедените средства ќе се инвеститираат во проекти за поубав, почист и позелен Аеродром, се додава во соопштението од Општината.​

Би можело да ве интересира

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода