СДСМ: Одговорност за незаконското прислушување

Од:

„Го разбираме стравот на Никола Груевски од соочувањето со вистината за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани, од страна на братучедите, како и стравот од вистината за неговото корумпирано владеење во изминатите 10 години.

Никола Груевски мора да свати дека прописите во оваа држава важат подеднакво за сите граѓани во Република Македонија.

Колку и да се замислува во некакви квази услови што се дел од неговиот виртуелен свет, Никола Груевски не е повеќе од било кој граѓанин на оваа земја.

Правен документ како што е Деловникот за работа на Анкетната комисија за незаконското прислушување важи и за Никола Груевски.

Во Анкетната комисија за незаконското прислушување Никола Груевски нема да може да ги нарачува прашањата, особено не кај членовите коишто не се од ВМРО-ДПМНЕ и тука неговиот виртуелен свет нема да му помогне“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски