Одѕивот во Дебарско до 10 часот околу 3 отсто

Од:

Гласањето во општините Дебар и Центар Жупа во сите 43 избирачки места минува мирно и без проблеми, потврдуваат општинските изборни комисии.

– Во општина Дебар, која припаѓа на ИЕ6, до 10 часот одѕивот на гласачите за претседателските избори е два отсто од вкупно запишаните 17.272 лица со право на глас, додека за парламентарните три отсто од вкупно запишаните 16.886. Во сите 27 избирачки места изборниот процес се одвива непречено, изјави Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија.

И во општина Центар Жупа (ИЕ5) изборниот процес се одвива мирно и непречно.

– Од вкупно запишаните 6.066 лица со право на глас, до 10 часот ова право го оствариле 3,07 отсто. Непречено гласањето се одвива во сите 16 избирачки места, рече Шефко Јусуф, претседател на Општинската изборна комисија.

Текот на гласањето го следат претставници на граѓанската асоциација МОСТ, а повеќе гласачки места се посетени и од набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември