МОСТ: Излезеноста на референдумот изнесува 36,6 проценти

Од:

Одѕивот на гласачите на денешниот референдум според ПВТ програмата е 36,6 проценти, со маргина на грешка од +/- 1 процент, соопшти Граѓанската асоцијација МОСТ на вечерашната прес-конференција.

Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов изјави дека од важечките ливчиња 94,2 проценти биле „За“ а 5,8 проценти „против“, при што добиените резултати се со маргина на грешка од +/- 0,3%.

Тој иостакна дека во текот на денот на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните најчесто пријавувале дека не можеле да го остварат своето право на глас поради тоа што не биле запишани во Избирачкиот список.

Прелиминарната оценка за спроведениот референдум Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ја соопшти на прес-конференција во текот на утрешниот ден.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени беа толку набљудувачи, со што се покриени 33 отсто од вкупниот број гласачки места во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Јужна Кореја, има загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он

ЦУК: Ангажирани нуркачи со цел и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на реката Црна

Се бара решение за напукнатиот столб на мостот на Црна, железничкиот сообраќај кај Стоби се уште во прекин

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Мостот на река Пчиња во исклучително лоша состојба, Општина Куманово аплицирала со проект за санација