Одѕивот до 13 часот на претседателските 27,05, на парламентарните 30,93 отсто

Од:

До 13 часот правото на глас за претседателските избори го оствариле 27,05 проценти од избирачите, додека за предвремените парламентарни избори гласале 30,93, информира попладнево Државната изборна комисија.

Најголема излезеност има во Новаци, односно 53,42 проценти за претседателските  и 54 проценти за предвремените парламентарни избори.

Најмалa излезеност за претседателските избори е регистрирана во Желино каде на гласање излегле 5,37 проценти од гласачите.

За парламентарните избори гледано по изборни единици најголем одѕив има во Третата изборна единица – 37,01 процент, по што следуваат Четвртата изборна единица со 34,86, Првата со 32, 12 проценти, Петата со 30,37, Втората со 29,08, додека за Шетстата изборна единица гласаче 22, 92 проценти од гласачите.

Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи на попладневната прес-конференција ги повика сите граѓани да го искористат правото на глас до затворањето на изборачките места.

Според избирачкиот исписо, право на глас на денешните предвремени парламентарни избори имаат 1.780.128, а на претседателските 1.779.572 граѓани.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто