Одбраната на Заев: Судењето ќе почне кога власта ќе престане да ја опструира Јанева

Од:

Лидерот на СДСМ и четвртообвинет во случајот „Пуч“, Зоран Заев, по четврти пат не се појави на судењето, па судијката го презакажа судскиот процес за 13-ти ноември. Судијката Љубинка Башевска констатираше дека и покрај тоа што од страна на судот е испратена уредна покана, нема докази дали обвинетиот ја примил.

Адвокатот Филип Медарски рече дека не знае дали Заев ја примил поканата но посочи дека знаел за рочиштето.

„Спречен е да дојде бидејќи има состанок со Меѓународниот инвестициски фонд за развој“ рече Медарски и достави доказ до судот за средбата.

Одбраната на Заев вели дека судењето ќе почне тогаш „кога власта ќе престане да ја опструира работата на специјалната јавна обвинителка“, Катица Јанева.

„Сé зависи од власта, ако продолжат да го опструираат специјалниот обвинител не ќе може да го комплетира тимот, предметот сé уште не му е предаден на специјалниот обвинител“ изјави неговиот адвокат, Ангеле Илиевски, и вели дека на судењето нема овластен тужител, според новиот Закон за специјално обвинителство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски