Одбраната на Јанева: Изнесените докази и сослушани сведоци не го докажуваат делото на предметот

Од:

Бранителот на Катица Јанева, адвокатот Дељо Кадиев, го започна завршниот збор со цитат на оштетениот сведок Орце Камчев, кој рекол „предметот ‘Империја’ е измислен предмет за јас да бидам рекетиран“.

– Аналогно на тоа не може да не се прашаме дали е можна обратна ситуација. Случајот „Рекет“ да е создаден за затворање на предметот „Империја“. Дали нападот е најдобра одбрана во секоја кривична постапка, праша Кадиев.

Кадиев рече дека одбраната ја темелат на неколку столба, и тоа: незаконитост на докази, односно дека судот не може да изнесе став врз основа на незаконито прибавени докази снимки кои недозволено ги направил Јордан Камчев, незаконито постапување на ЈО, односно дека Обвинителството не дало увид во сите докази и искази, влијание врз Судот од страна на ЈО, односно со именување на фајловите со доказите дадени на судот како „давање пари”, „не разговарај со адвокати”, „разговор со сведок” со што се извршило влијание и фактичка состојба на докази, односно дека изнесените докази и сослушани сведоци не го докажуваат делото на овој предмет, а ЈО пропушта да повика некои очигледни сведоци како Горан Николовски и да обезбеди клучни докази како несесерот на Ана Камчева што собра 350 илјади евра и вештачења.

Од изнесените материјални докази и од ПИ-мерките, рече Кадиев, ништо не се потврди во поглед на обвинението на Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов