А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбраната на Боки 13 бара да сведочи поранешниот директор на УБК Горан Николовски, судот одби

by А1он05/05/2020 - 11:1405/05/2020 - 13:14597
Share0

Кривичниот суд во Скопје не го прифати предлогот на првообвинетиот во предметот „Рекет”, Бојан Јовановски – Боки 13, во дополнение на доказната постапка како сведок да биде сослушан Горан Николовски, поранешен директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање.

Добивај вести на вибер

На оваа одлука реагираше бранителот на обвинетиот Боки 13, адвокатот Сашо Дуковски, кој рече дека во овој случај се прифатени многу понерелевантни сведоци, како на пример сведокот Христијан Баневски.

– Ако сведокот Горан Николовски не е битен да биде сослушан во овој предмет тогаш не знам кој сведок е битен да биде сослушан, истакна адвокатот Дуковски.

Воедно судот одби и дел од доказите доставени од страна на обвинетата Катица Јанева, а прифати да се презентираат како докази извод од сметката на Константин Делкиџаков (татко на Јанева) и приватна тужба од Катица Јанева кон Бојан Јовановски – Боки 13.

– Приватната кривична тужба е поднесена на 13 март 2020, заради неовластено снимање. Досега судот уште нема преземени дејства, рече Ирена Фрчковска, бранител на Јанева.

Следното рочиште е закажено за 7 мај, кога обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 ќе треба да ја даде својата одбрана.

Во досегашниот процес за случајот „Рекет”, се презентираа разни материјални докази и сведоци.

Судењето почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На Милевски пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

За случајот „Рекет”, Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет.

reket

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски30/09/2025 - 10:5530/09/2025 - 10:57

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски21/09/2025 - 09:4521/09/2025 - 12:13

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски15/09/2025 - 11:5215/09/2025 - 12:02

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Горан Наумовски05/08/2025 - 17:26

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:58

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Горан Наумовски08/03/2025 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен