Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Од:

Основниот кривичен суд Скопје ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет“.

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј., поднесени од нивните бранители, за укинување на мерката притвор определена со решенија на судии на претходна постапка, се одбива како неосновано, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Против овие решенија, како што стои во соопштението, странките имаат право на жалба во рок од три дена до Апелацискиот суд – Скопје.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов