Одбиен Законот за зеленило предложен од ДОМ

Од:

Парламентот и на пленарна седница го одби Законот за урбано зеленило, поднесен од пратеничката Лилјана Поповска. Ова е по вторпат во две години, иако ДОМ упорно инсистираше на овој закон и тој беше и дел од коалиционен договор. Законот треба да обезбеди заштита на постојното зеленилo зелен катастар, 25 м2 зеленило по жител во градовите и 10-30% зеленило на градежна парцела.

Разочарува односот на пратениците, кои, одбивајќи го законот, му даваат предност на бизнисот на малкумина, пред здравјето на сите граѓани. Тоа значи дека и понатаму ќе продолжи злоупотребата на зелените површини и нивно претворање во бетон.

Ако, пак, проблемот е во тоа КОЈ го поднесол законот, ги повикуваме колегите од владиното мнозинство ТИЕ да го поднесат. Ќе ја имаат поддршката и од нас и од секој граѓанин кој сака квалитетен живот.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов