Светскиот ден за подигнување на свеста за растот на децата – 20 Септември, годинава ќе се одбележи под мотото „Децата имаат само кратко време да пораснат, да им помогнеме да растат здраво, затоа што висината е еднаква на здравјетo“.
– Во Македонија во моментов има околу 100 деца со нарушувања на растот кои се лекуваат со хормон за раст. Овој светски ден повторно го посветуваме на онаа голема група на деца кои се уште чекаат до добијат право на лекување. Право кое им е загарантирано со законот, а никогаш не го добиваат поради подоцна поставена дијагноза и долго поминато време на листата за чекање поради што стигнуваат до возраст кога веќе не може да се лекуваат бидејќи растот е завршен, наведуваат од Здружението „РАСТ“.
По повод одбележувањето на Светскиот ден за подигање на светса за растот кај децата, во ОУ „Владо Тасевски“ денеска ќе биде организрано бесплатно мерење на висината и тежината на сите дечиња кои ќе имаат желба да проверат дали нивната висина е соодветна за возраста.
Исто така, претседателот на Здружението, Александар Петровски на прес-конференција ќе укаже на моменталната состојба, проблемите со кои се соочуваат дечињата од нивното здружение и ќе ги наведе нивните очекувања од здравствениот систем.
Предвидени се и обраќања на претставници на институциите кои се директно вклучени во системот на грижата за децата со нарушувања на растот од различни аспекти. Најавено е присустувото на директорот на ФЗОМ Ден Дончев, директорката на ЈЗУ Унверзитетска Детска Клиника Др. Катерина Ставриќ, директорот на Здравствен дом Скопје др.спец. Злате Мехмедовиќ, Др.Елена Сукарова од Детска ендокринологија, претседателката на Здружението на педијатри на Македонија Проф. Др Аспазија Софијанова и директорот на ООУ „Владо Тасевски“ Елка Даскал.