Одбележување на Светскиот ден за борба со корупцијата

Од:

Градоначалници на општини во Македонија денеска ќе потпишат антикорупциски политики на одбележувањето на  Светскиот ден за борба со корупцијата, што денеска го организираат Државната комисија за спречување на корупцијата и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

На одбележувањето на денот за антикорупција ќе има воведна сесија на која ќе бидат нагласени социјалните и политичките аргументи за важноста од спречувањето и борбата со корупцијата преку подобрување на административниот интегритет, ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон граѓаните.

На  сесијата „Спречување на корупцијата преку интегритет“ ќе се разговара за улогата на граѓанското општество и младите во мониторинг на општинските заложби за транспарентност, отчетност и отвореност и за потенцијалите на социјалната иновација и поддршката на општините во имплментирањето на апликацијата „Отворена општина“, претставување на е-услугите како пример за искористување на ИТ-алатки за пречување корупција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

Орце Костов