Одбележување на Меѓународниот ден против фашизмот и антисемитизмот

Од:

По повод одбележувањето на „Меѓународниот ден на борбата против фашизмот и антисемитизмот“ денеска ќе биде потпишан првиот Mеморандум за соработка меѓу Еврејската заедница во Република Македонија, Институтот за културно и духовно наследство на Албанците – Скопје, Институтот за национална историја – Скопје и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Меморандумот ќе биде потпишан со цел продлабочување на соработката помеѓу овие четири институции, а воедно и пример за меѓуетничка и меѓуверска почит и разбирање. Овој чин претставува признавање на заедничка желба за спречување, справување  и превенција на омраза и насилство кон било која етничка или верска група.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка и официјално ќе започне проектот „Соочување со минатото – граѓанска храброст во опасните времиња“.

На потпишувањето на Меморандумот, што ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, најавено е присуство на американскиот, израелскиот и германскиот амбасадор во земјата и други високи претставници на дипломатскиот кор акредитирани во земјата.

На присутните ќе им се обратат претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија Берта Романо Николиќ, директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје д-р Скендер Асани, директорот на Институтот за национална историја – Скопје проф. д-р Драги Ѓорѓиев и директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија Горан Садикарио.

Би можело да ве интересира

Изложба по повод 75-годишнината од востанието во логорот „Собибор“

Ана Ололовска

Ден на победата над фашизмот

Ана Ололовска

Македонска делегација на комеморацијата по повод 72 години од ослободувањето на Матхаузен

Ана Ололовска

Македонија ги одбележува Денот на Европа и победата над фашизмот

Ана Ололовска

„За да се памти“ – концерт за Денот на победата над фашизмот

Ана Ололовска

Руската амбасада со низа свечености по повод Денот на победата над фашизмот

Ана Ололовска