Одбележување на Меѓународниот ден на човековите права

Од:

Под мотото „Мојот глас одлучува – инклузија и право за учество во јавниот живот“ денеска во Македонија со повеќе  настани ќе се одбележи Меѓународниот ден на човековите права – 10 Декември.

По тој повод во организација на Центарот за разбирање и институционална соработка ќе се одржи научна конференција, која ќе ја отвори министерот за правда Блерим Беџети.

Делегацијата на ЕУ по повод 10 Декември организира презентација на проекти за човекови права финансирани во рамки на Европскиот инструмент за демократија и човекови права. Најавено е и обраќање на евроамбасадорот Аиво Орав и доделување на грантовите.

Светскиот ден на човекови права ќе биде одбележан и со почеток на кампања „Денес и секогаш достојна работа на жените“ организирана од повеќе синдикати. Кампањата е дел од поширока кампања што се организира во повеќе земји.

Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе организира Академија  на која ќе говори амбасадорката на Кралството Холандија во земјава Мариет Шурман, ќе настапи најдобриот оратор од 16. Ораторска вечер „Иво Пухан“ и ќе се презентираат изданија на Факултетот во текот на оваа година.

„Локални избори 2013 – За родова рамноправност“ е тема на конференцијата што се организира по повод Меѓународниот ден што ја организира Женската граѓанска иницијатива АНТИКО, Македонско женско лоби и Националниот совет за родова еднаквот „СОЖМ).

Целта на конференцијата е да ги постави прашањата за учество на жените на локалните избори како кандидати за граданачалници и советници, но и да направи релација за застапноста на родовите прашања во програмите на политичките партии, приспособени на локалните потреби.

Меѓународниот ден ќе се одбележи и со Дебата на тема „Заштитениот сведок“ помеѓу правната држава и прекршувањето на човековите права.

По повод светскиот ден ќе биде отворена и изложба „Цвеќе и поезија за мир“ на Живко А. Поповски – Цветин.

Денот на човековите права се одбележува 64 години насекаде ширум светот, а го симболизира донесувањето на Универзалната декларација за правата на човекот, како фундаментален документ кој ги гарантира човековите права ширум светот.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов