Во организација на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија денеска во Скопје ќе биде одбележан 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.
Во рамки на одбележувањето ќе се одржи трибина на тема „Инклузијата е важна: Пристап и зајакнување на сите способности на секое лице со инвалидност“.
Најавено е обраќање на министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска – Ременски и на претседателот на НСИОМ, Чедомир Трајковски.
Во организација на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со инвалидност се вклучени и Националниот сојуз на слепи на РМ, Национален сојуз на глуви и наглуви на РМ, Национален сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака, Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Национална федерација за спорт и рекреација на инвалидите – Македонски параолимписки комитет и Национален сојуз на инвалиди на трудот на РМ.