Oдбележување на Христовото Воскресение – Велигден во Велес

Од:

Православните христијани од Веле синоќа на полноќ по традиција масовно со палење свеќи и кршење со вапцани црвени јајца во двете градски цркви во Велес „Св Спас“ и „Св Пантелејмон“ го прославија големиот Христијански празник, Христовото Воскресение -Велигден.

Во црквата „Св Пантелејмон“ чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение со свештеници од Епархијата Повардарска со седиште во Велес.

По повод големиот Христијански празник – Велигден, митрополитот Повардарски Агатенгел упати Велигденско посление до православните христијански верници, обраќајќи им се со возљубени следбеници на Воскреснатиот Спасител.

– На денот кога го прославуваме Воскресението,ја славиме всушност непобедливата сила Христова, која е светлина и живот и кои секогаш одат заедно. Каде има Сонце, таму има и живот. Животот не може да опстојува во темнина. Христос е нашето Сонце на правдата и затоа Воскресенска светлина нека се пробие во најдлабоките делови од нашите души, нека ги облагороди во целост нашите срца, нека ги умудри делата на нашите раце и нека ги просветли нашите животи, порача Владиката Агатангел.

Тој на православните христијани им порачува дека при сите постапки и дела треба да го имаат предвид Восреснатиот Христос и Неговите вечни пораки и примери за мир на земјата, трпеливост во искушенијата и разбирање, љубов и почит кон нашите ближни. И тоа не само кон блиските роднини и пријатели, туку кон сите луѓе на овој свет без разлика на нивната националност или убедување.

– Љубете ја својата земна татковина Р. Македонија и нашата заедничка мајка Светата Македонска православна црква. Никогаш не пропуштајте да чините добри дела, при тоа не заборавајте дека нашите свети претци скапо ја платиле нашата слобода. Не смееме да бидеме запаметени како генерација која за бадијала ги распродала своите вековни духовни достигнувања и национални придобивки во име на некакви повисоки и апстракни цели, промовирани од лажни авторитети, потенцира Митрополитот Повардарски Агатангел.

Тој воедно порача, втемелувајќи се во Божествената љубов и вистина, трпеливо да ја градиме семејната заедница, да се радуваме на своите телесни рожби, кои се нашето најголемо и бесценето богатство.

Прославата на големиот Христијански празник – Велигден продолжи рано утрово во црквата „Св Богородица“ со Златоустова литургија во сослужение на владиката Повардарски Агатангел. Претпладнево во црквата „Св. Пантелејмон“ според распоредот на богослужби на Епархијата Повардарска, владиката Повардарски Агатангел ќе одржи служба – Второ Воскресение и при тоа ќе го го чита и Воскресенското Евангелие на разни јазици.

Инаку, по традиција во трите градски цркви и на градските гробишта во Велес и велешко, православните верници денеска на прв ден Велигден, по традиција масовно ќе ги посетат градските цркви ќе палат свеќи за здравје и во чест на Воскресението Христово ќе раздаваат Велигденски јајца.

Би можело да ве интересира

Велигден – зошто не е секоја година на ист ден и како се пресметува датумот

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА: Овој Велигден го славиме во канонско единство

Православните верници денеска го слават Велигден

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот

(ВИДЕО) Ковачевски со спот за Велигден: Зелената боја е зелена енергија, а тоа значи поевтина струја

Државна и црковна делегација во Ерусалим на преземање на Благодатниот оган во Базиликата на Светиот гроб

Ана Ололовска