Одбележување на Денот на воздухопловната бригада

Од:

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи свеченост по повод Денот на воздухопловната бригада.

На прославата најавено е присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ, генерал – потполковник Методија Величковски, како и на претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.

Во рамки на одбележувањето ќе бидат соопштени наредби за унапредување и стекнување на звањето пилот, како и стимулативни мерки за остварени резултати во работата.

Присутните ќе имаат можност да ја проследат и изложбата на воздухопловите и материјално-техничките средства со кои располага воздухопловната бригада.

Постоењето на воздухопловната бригада се темели врз одлуката на Претседателот на Република Македонија од 10 април 1992 година со која е формирана командата на воено воздухопловство и противвоздушната одбрана на АРМ. Во 2005 година воздухопловната брогада се трансформираше во помала единица наречена воздухопловен ВИНГ која фигурира до 2012 година кога повторно се формира воздухопловна бригада во состав на Здружената Оперативна Команда.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски