Одбележување на Денот на НАТО

Од:

НАТО 65 години придонесува за демократијата, слободата и мирот во светот и е вистински безбедносен промотор, а Македонија веќе дваесетина години активно учествува во таа улога.

Ова е главната порака на денешната прес-конференција по повод 4 Април, Денот на НАТО, односно 65-годишнината од основањето на Северноатланската алијанса, организирана од Евроатланскиот совет на Македонија и Министерството за одбрана како порака и потврда за македонската посветеност за евроатланските интеграции.

Претседателот  на Евроатланскиот совет, Исмет Рамадани порача дека 15 МАП процес е успешен, а реформскиот процес во Македонија продолжува константно се до целосно евроатланско интегрирање што, како што рече, е препознаено и од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Со загрижување ги следиме скорешните политички случувања во Скопје. Прогресот на реформите зависи од ефективниот демократски дијалог, пополнет со двореба во владеењето на правото и слободата на медиумите. Овие вредности се во срцето на евроатланската заедница и затоа сметаме на Вас да обезбедите целосно почитување. Токму ова му го порача Столтенберг на премиерот Никола Груевски на неодамнешната средба во Брисел, рече Рамадани.

Тој посочи дека политичката криза во Македонија посебно по прислушувањето ги обврзува членовите на Евроатланскиот совет да апелираат до сите носители на политички функции сериозно да се однесуваат и да пристапат кон разрешување на кризата.

– Како претенденти за членство во НАТО и ЕУ и стратешки партнери со САД со кој интензивно соработуваме во порцесот на евроатланските интеграции бараме и овој пат да ни подадат рака и со нивен ангажман и медијаторство да ни помогнат да се извлечеме од политичката криза, рече Рамадани и нагласи дека никој нема право на граѓаните на Македонија да им ја загрози перспективата за членство во НАТО и ЕУ.

Заменик министерот за одбрана Арбен Лабеништа оцени дека Алијансата континуирано ја надоградува примарната задача за безбедност и слобода на своите челнки преку приемот на нови членки, но и преку мрежата на партнерства со останатите демократии ширум светот.

– Приемот на повеќето земји од Балканот во НАТО придонесе да се зголеми безбедноста и демократијата во овој дел од Европа, но работата на ова поле не е завршена се додека сите земји од регионот, вклучително и Македонија не станат полноправни членки на Алијансата, рече Лабеништа.

Тој потсети дека земјава повеќе од 20 години е аспирант за членство во НАТО и додаде дека се спроведени бројни реформи во одбраната и армијата, нагласувајќи дека со повеќе од 3.500 мировници Македонија учествува во мировните операции предводени од ОН, НАТО и ЕУ.

– АРМ продолжува со динамичен процес на трансформација се до 2016 година. Со овој процес ќе се обезбедат поголеми оперативни способности, подобро насочен командно-контролен систем и дополнување со подготвен, обучен и активен резервен персонал. Преструктуирањето на АРМ треба да обезбеди оперативно подготвени сили и сили пополнети со квалитетен и добро обучен персонал според стандардите на НАТО, истакна Лабеништа.

Шефот на Канцеларијата на НАТО во Македонија, капетан Румен Радев порача дека вратите на НАТО се отворени за Македонија и додаде дека треба да се работи на надминување на проблемот со името.

– Името е услов без кој не се може, бидејќи одлуките во НАТО се носат со консензус. Затоа треба да се зголемат напорите за негово решавање за да го добиете заслуженото членство во Алијансата, рече Радев.

Тој истакна дека вратите на Канцеларијата на НАТО се секогаш отворени за членовите на Евроатланскиот совет и за сите добронамерни и додаде дека ќе направи се што е во негова можност за да им удоволи на барањата.

Заменик турскиот амбасадор во Македонија Синан Ертај и претставник на Контакт амбасадата на НАТО за земјава рече дека Македонија има многу важна улога за стабилноста на Балканот, но и на поширокиот регион.

– Турција како земја докажан пријател ќе продолжи да ја поддржува Македонија во напорите за полноправно членство во НАТО. Со зачленувањето на вашата земја во Алијансата ќе биде побезбеден Балканот, рече Ертај.

Извршниот директор на Бизнис клубот на Евроатланскиот совет, Трифун Костовски истакна дека полноправното членство во Алијансата значи и подобрување на бизнисот и инвестициите.

– Македонија и македонскиот народ заслужуваат полноправно членство во НАТО. Влегувањето во Алијансата ќе ја подобри бизнис климата и ќе придонесе за развој на бизнисот. Тоа може да се види од примерите на земјите од поранешниот социјалистички блок кои влегоа во НАТО, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски