Одбележување на денот на Командата за обука и доктрини

Од:

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија денеска во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес ќе го одбележат денот на Командата за обука и доктрини (КОД).

Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување денови на единиците на Армијата на Република Македонија, денешниот датум е одреден како ден на КОД. На овој датум во 1992 година пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија на отслужување на воениот рок во самостојна и независна Република Македонија.

На свеченоста ќе присуствува и првиот регрут Панче Јамандиев, како и високи претставници од ГШ на АРМ, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти, пензионирани генерали, припадници на единицата.

– Денот на единицата ќе се одбележи со соодветна програма согласно правилото за воен протокол на која ќе има пригодни обраќања, доделување стимулативни мерки, а ќе биде прогласена и најдобра екипа за одржаните спортски активности кои претходеа на одбележување на денот, соопштија организаторите на свеченоста.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски