Одбележување на денот на Баталјонот за воена полиција

Од:

Во касарната „Илинден” во Скопје, баталјонот за воена полиција (бВП) од составот на Здружената оперативна команда, со воена свеченост ќе го одбележи денот на единицата.

Како што соопшти АРМ, предвидена е соодветна програма согласно правилото за воен протокол, а на тактичко-технички збор ќе бидат прикажани специјалната опрема и средства со кои располага оваа единица.

На свеченоста ќе присуствуваат командантот на ЗОК, бригаден генерал Зоран Милески, претставници од ГШ на АРМ, ЗОК и МВР, командантот на 709 баталјон на воена полиција од Армијата на САД за Европа која е партнерска единица на бВП, команданти на единици на АРМ, поранешни команданти на бВП, и други организации со кои соработува единицата.

Баталјонот на воена полиција е носител на традициите на денот кога на 29-ти октомври 1878 година во текот на Македонското (Кресненско) востание е издадена наредба за формирање на воено-полициски началства на ослободената територија во Македонија, кои се првите формално воено-полициски сили.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски