Со едночасовен концерт на кој воениот оркестар ќе изведе повеќе композиции од својот репертоар, како и други содржини во изведба на гардистите, денеска во Домот на АРМ ќе биде одбележан Денот на баталјонот за почести при АРМ.
Од Армијата информираат дека на прославата покрај началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски, ќе присуствуваат и генерали од АРМ, команданти на единиците на АРМ, фамилии на припадниците на баталјонот за почести и други гости.