На повеќе места во државата одбележана е 16-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Од:

По повод одбележувањето на 16-годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски, делегациja од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје, на вечните почивалишта на Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје, како и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Делегации на Кабинетот денеска положија цвеќе и на спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, како и на споменикот „Македонија“ во градскиот парк во Струмица.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Визијата на Борис Трајковски останува наша обврска

Јанков: Трајковски беше човек со длабока христијанска вера, со изразена лична скромност и човечност

Дваесет и две години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски