Одбележување 144 години од раѓањето на Гоце Делчев

Од:

Со низа активности денеска се одбележува 144-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Делегации на државни институции, политички партии, здруженија на граѓани, општини и установи ќе положат цвеќе на гробот на  Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Цвеќе ќе биде положено и на спомениците на Делчев во главниот град – на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк.

Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Тој бил против прераното започнување на востанието и заедно со својата чета ја обиколувал Македонија за да ја согледа состојбата.

Би можело да ве интересира

Делегации се поклонија пред спомен релјефот на Гоце Делчев во штипско Ново Село, каде што учителствувал

Костадиновска-Стојчевска: Ги негуваме визиите на Делчев кој е синоним за културен натпревар меѓу народите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Битката за Македонија која Делчев ја доби е обврска за нас да ја продолжиме кон просперитетна и силна држава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски: Гоце Делчев би бил горд за она што го направивме, Македонија напредува

Горан Наумовски

Пендаровски, собраниска и владина делегација му оддадоа почит на Гоце Делчев по повод 152-годишнината од раѓањето

Ковачевски: Наследниците на Гоце ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот

Орце Костов