Одбележување 112 години од смртта на Гоце Делчев

Од:

Во Македонија денеска се одбележуваат 112 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

По тој повод државни и градски делегации ќе положат цвеќиња на неговиот гроб во црквата Св. Спас и на споменикот во Градскиот парк.

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав Силвана Бонева, Љупчо Димовски и Роза Топузова Каревска во црквата „Свети Спас“ ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Цвеќиња ќе положи и официјална делегација од Град Скопје, предводена од градоначалникот Коце Трајановски.

Во македонското Собрание, пак, ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката.

Наградата ќе им биде врачена на авторите на трудовите „Толковен речник на македонскиот јазик“ од тимот д-р Елизабета Бандиловска-Ралповска, д-р Олгица Додевска-Михајловска, д-р Снежана Велковска, д-р Снежана Веновска-Антевска, д-р Елка Јачева-Улчар, д-р Виолета Николовска, д-р Фани Стефановска-Ристеска, м-р Катица Топлиска-Евроска и д-р Живко Цветановски, за трудот „Резултати за композија и неутрикс композиција“ од проф. д-р Билјана Јолевска-Тунеска и за „Говорот на Албанците од Скопска Црна Гора“ од проф. д-р Аслан Хамити.

Гоце Делчев (4 февруари 1872, с. Кукуш-4 мај 1903 с. Баница) е македонски револуционер и национален херој. Тој се смета за апостол, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19. и почетокот на 20. век.

Загинал во предвечерието на Илинденското востание, на 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско, во борби со османлиската војска која го опколила селото.

Неговите посмртни останки прво се чувале во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Посмртните останки на Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата „Свети Спас“.

Би можело да ве интересира

Делегации се поклонија пред спомен релјефот на Гоце Делчев во штипско Ново Село, каде што учителствувал

Костадиновска-Стојчевска: Ги негуваме визиите на Делчев кој е синоним за културен натпревар меѓу народите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Битката за Македонија која Делчев ја доби е обврска за нас да ја продолжиме кон просперитетна и силна држава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски: Гоце Делчев би бил горд за она што го направивме, Македонија напредува

Горан Наумовски

Пендаровски, собраниска и владина делегација му оддадоа почит на Гоце Делчев по повод 152-годишнината од раѓањето

Ковачевски: Наследниците на Гоце ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот

Орце Костов