Одбележани 74 години од стрелањето на Ваташките младинци

Од:

Со полагање цвеќе пред споменикот во месноста Моклиште, во Ваташа денеска беа одбележани 74 години од стрелањето на Ваташките младинци.

– Се собравме и чествуваме за еден трагичен настан што е на врвот на трагичните настани во општина Кавадарци и во Република Македонија, настан кој претставува врв на вековната борба на македонскиот народ за извојување на самостојност и независност, сето она што ние денес како современици го уживаме, рече меѓу другото кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.

Тој потсети на неколку други историски настани кои се одбележуваат во месец јуни. Затоа, додаде, “сите современици и сите оние кои доаѓаат во иднина, не смеат да заборават дека некои за ова што денес го уживаме го дале најскапоценото, а тоа е нивниот живот.

-Единствен начин на кој може да им се оддолжиме е секојдневно сите политички чинители да работиме да ги подобриме условите за работа и живот на сите сограѓани како во Кавадарци, така и низ Република Македонија, нагласи Панов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Османи да ја покани Марија Габриел да клекне пред споменикот на убиените деца во Ваташа и да побара прошка

A1on

Се реконструира и уредува Домот на културата во Ваташа

Ана Ололовска

Дванаесет дрвца туја ќе бидат посадени во Спомен паркот на 12 стрелани младинци во Ваташа

Ана Ололовска

Кавадарци одбележува 148 години од отворањето на Народно читалиште во Ваташа

Ана Ололовска

Сто години од смртта на Димитар Пинџуров од Ваташа

Ана Ололовска

Украден металниот дел од споменикот на „12.Ваташки младинци“

Ана Ололовска