Одбележани 60 години од мавровската трагедија

Од:

 Со пригоден собир, пред споменикот на градителите во Маврови Анови, денеска беа одбележани 60 години од трагедијата, кога во снежни лавини загинаа 52 -ца градители на мавровскиот хидроенергетски систем, граничари и мештани. Покрај преставници на ХЕЦ „Маврово“ присуствуваа и жители од околните населни места кои положија цвеќе.

Во говорот пред присутните, Александар Левкоски директор на ХЕЦ Маврово, потсети дека меѓу загинатите имало и градителители кои ги поставиле темелите на ЕЛЕМ, на една од најзначаните компании во земјава и дека, како што рече, нема да згасне сеќавањето на загинатите во 1956-та година, кои настрадаа во  една од најголемите трагедии предизвикани од природни непогоди
Наглото топење на големите количини снег во тој далечен февруари, особено најмногу ги погоди селата во месноста Рибница, Стрезимир и работничката населба кај месноста Торбешки мост, каде што биле сместени градителите. Во лавините биле затрупани стотина луѓе, а спасувачките екипи во десетдневна акција успеале да спасат половина од нив.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска

Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Катерина Ѓуровски

На Маврово вее снег

Горан Наумовски

Ковачевски: Маврово и Ростуше е сплотено во поддршката за Медат Куртовски