Одбележани 20 години дипломатски односи со 19 држави во светот

Од:

Чест е да се слават 20 години дипломатски односи со 19 земји кои подразбираат милијарда и пол луѓе каде што се разбира најмоногу придонесуваат САД и Индија, истакна шефот на дипломатијата Никола Попоски на церемонијата која се одржа денеска во Куршумли Ан.

– Задоволство на сите граѓани на РМ е што ве имаме вас како партнери во градење на подобра и попросперитетна држава, која цели да биде членка на ЕУ и НАТО. Веруваме дека организациите во кои членуваме и кон кои се стремиме ги шират токму овие вредности кои не спојуваат – мир, демократија и безбедност и затоа сакаме да дадеме свој придонес кон оваа заедница на вредности, рече министерот Поповски на свеченоста на која присуствуваа претставници од државниот врв, дипломатскиот кор и бизнис-заедницата во државата.

Доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Романија Јустиниан Фошка истакна дека ова беше богат дипломатски пат со многу цели и активности. Покрај економската и безбедносната соработка ги поддржуваме и стратегиските цели, ЕУ и НАТО, а нивната реализација, додаде, ќе ја осигура безбедноста на целиот регион и на Европа.

– На регионот му треба стабилност, просперитет политичка и економска соработка, добрососедски односи и зголемена регионална соработка. Секој политички актер треба да знае дека европските принципи и стандарди како доброто владеење, владеење на правото, функционалната демократија и политичкиот дијалог се принципи и вредности врз кои се темели Европа. Ова е нова политичка реалност во регионот која подразбира преземање одговорни политички чекори, порача Фошка.

Република Македонија две децении дипломатски односи одбележува со: Саудиска Арабија, Романија, Молдавија, Индија, Естонија, Антигва и Барбуда, Иран, Либиja, Украина, Сингапур, Казахстан, Монголија, Азребејџан, Литванија, САД, Грција, Австралија, Израел и Оман. Македонија како домаќин, но и земјите на јубилејот се претставија со гурмански специјалитети со кои ги доловија вкусовите и мирисите карактеристични за нивните земји.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија