Одбележани 144 години од раѓањето на Гоце Делчев

Од:

Панихида по повод 144 години од раѓањето Гоце Делчев се одржа денеска во црквата „Свети Спас“ во Скопје каде што е вечното почивалиште на македонскиот револуционер.

Литургија за помен на Делчев и за сите борци за национална и духовна слобода во периодот пред и по Илинденското востание одржаа свештеници од Скопската епархија на Македонската православна црква.

Цвеќе пред саркофагот на Гоце положи делегација на Владата предводена од премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, делегации на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Армијата на РМ, Сојузот на борците од НОБ, од Град Скопје и општини, МАНУ, Институтот за национална историја, Матица на иселениците, од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претставници на политички партии и здруженија, културно-уметнички друштва и училишта што го носат името на Делчев, граѓани што го почитуваат неговото дело. Во чест на годишнината од неговото раѓање настапи и Градскиот мешан хор „Вардар“.

Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.

Би можело да ве интересира

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025

122 години од смртта на Гоце Делчев – Левица оддаде почит на Великанот

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонија е изградена од саможртвата на хероите кои ги дадоа своите животи за нашата слобода

Горан Наумовски

Во Македонија денеска се одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев

Горан Наумовски

Мицкоски: Гоце Делчев е дел од македонскиот идентитет

Катерина Ѓуровски