Одбележана 9-годишнината од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Од:

Со полагање цвеќе на спомен-обележјата пред командата на Воздухопловната бригада (вбр) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај катлановско Блаце денеска се одбележа деветгодишнината од трагичното загинување на 11 припадници на Бригадата.

Почит на загинатите припадници, покрај членовите семејствата им оддадоа и делегации од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Министерството за одбрана предводена од министерот Зоран Јолевски, од Генералштабот на АРМ предводена од заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, од Здружената оперативна команда, вбр и од првата механизирана пешадиска бригада.

Во хеликоптерска несреќа кај катлановско Блаце, враќајки се од мировната мисија АЛТЕА, животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

Почит на загинатите припадници на АРМ беше оддадена и во кампот Бутмир, Сараево, Босна и Херцеговина, од каде учесниците во мисијата АЛТЕА тргнаа на последниот лет.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски