Одбележана 16-годишнината од загинувањето на резервистите кај Карпалак

Од:

Со верски, државни, воени и други почести денеска во месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово беше одбележана 16-годишнината од загинувањето на десетте прилепски резервисти на АРМ во 2001 година.

Свештеници од тетовското архиерејско намесништво на МПЦ – Охридска архиепископија отслужија помен парастос, а потоа венци на поставената спомен плоча со имињата на десетте прилепски бранители положија членови на семејствата на загинатите, преживеаните од нападнатиот армиски конвој, како и делегации од Собранието на Македонија предводена од пратеничката Жаклина Пешевска, заедничка делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ предводена од државниот секретар Драган Николиќ, од Кабинетот на претседателот на Македонија предводена од бригадниот генерал Мирче Ѓорговски и повеќе одбори и здруженија, политички партии и граѓани од Тетово и Прилеп.

Во своето обраќање претседателот на Одборот на бранители Марин Најдов псочи дека иако се вели дека времето лечи се и по 16 поминати години се уште боли раната што на овој ден во 2001 година беше нанесена.

– Често слушаме дека е добро да простиме и добро е, меѓутоа прошката држи вода само тогаш кога другата страна е свесна дека погрешила. Како да се прости на луѓе кои не ја воочиле својата грешка. Немам слушнато дека оние што го направија злосторството побарале прошка, а за каење да не зборуваме. Стоејќи тука со помешани чувства од една страна сме тажни што нашите бранители повеќе физички не се меѓу нас, а од друга страна горди на нив бидејќи залудно не ги дадоа своите животи. Тие ја донесоа победата на Република Македонија и ги зачуваа нејзините граници, а заедно со напорот на сите бранители и граѓани беше избегната граѓанската војна. Наша човечка и морална одговорност е на овој ден да дојдеме овде, не било каде, да се поклониме на местото од трагичниот настан, да положиме цвеќе и евоцираме спомени за нашите херои и тоа е најмалку што можеме да сториме за нив. На нивните семејства да им кажеме дека во нивната болка не се сами – тука сме ние да ја поделиме болката за таа да биде колку што е можно помала, рече Најдов.

Според возачот на нападнатиот и запален автобус од аримскиот конвој Ацо Јованоски Реган и по 16 години од насанот тој се одбележува без соодветно спомен обележје.

– Венците и цвеќето пак го положивме на банкината од автопатот. Мора да се направи достоинствен споменик за достоинствено да се одбележи и да се знае зошто загинаа тие бранители, изјави Јовановски.

Јордан Трајковски од Здружението на резревни воени обврзници 2001 – 2002 од Прилеп рече дека сите досегашни влади ветувале изградба на споменик во Карпалак што го нема до ден денес, додека од друга страна низ повеќе населени места низ државата има споменици посветени на загинатите од, како што рече Трајковски, другата страна.

– Ние бараме да се почитуваат наште загинати соборци, но и да не се заборават живите. Преживеаните бранители умираат од болести, без вработување и решено станбено прашање. Ние бараме достоинствен живот како луѓе што го ризикувале својот живот за државата, потенцира Трајковски.

Воениот инвалид Ацо Стојановски посочи дека од вкупно 78 загинати бранители чиишто имиња се наоѓаат на споменикот во Скопје, 14 семејства не добиел никакво обесштетување заедно со уште 54 повредени лица за време на конфликтот во 2001 та година.

На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија при што загинаа десетте армиски припадници од Прилеп и прилепско – Нане Наумоски, Сашо Китановски, Горан Миновски, Ердоган Шабановски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Велјановски, Пеце Секуловски, Веби Рушитовски и Мирко Деспотовски.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната