А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбележан Светскиот ден на семејниот лекар

by А1он21/05/2016 - 15:06281
Share0

Секој четврти човек од 10 возрасни лица, односно помеѓу 250 илјади до 300 илјади граѓани во Македонија, според податоците на Асоцијацијата за хипертензија во Македонија, имаат покачен висок притисок.

Добивај вести на вибер

Ова денеска го истакна претседателката на Асоцијацијата Билјана Герасимовска-Китановска на одбележувањето на светските денови за хипертензија и семејна медицина 17 и 19 мај што се одржа под мотото „Дали го знаеш твојот број?“ пред спомен куќата на Мајка Тереза со бесплатно мерење на крвниот пристисок и со делење совети и брошури од страна на стручни лица.

– Тоа е огромна бројка и многу придонесува во вкупниот кардиоваскуларен ризик, односно од ризикот од миокарден инфаркт и ризикот од мозочни заболувања. Дури 53 проценти од вкупните кардиоваскуларни заболувања се смета дека се причина за вкупната смртност. Хипертензијата е еден од главните фактори кои придонесуваат за тоа. Голем е и бројот кај луѓето кои вооопшто не измериле крвен притисок, истакна Герасимовска-Китановска.

Апелираше да се зголеми свесноста за хипертензијата затоа што, како што рече, и лицата кои се здрави може да имаат повисоки вредности, за навреме да се преземат мерки со терапија за да се спречат несаканите последици. 

Според неа, Македонија спаѓа во земјите со многу висок кардиоваскуларен ризик. Нагласи дека вкупната смртност заради кардиоваскуларни заболувања е многу голема. 

Нада Аницин од Здружението на лекари по општа-семејна медицина информира дека почесто постарата популација доаѓа за проверка на крвниот притисок, но, како што рече, во последно време не е ретко и кај помладите луѓе да се детектира покачен крвен притисок. При контролите, според Аницин, доминира случајното откривање на покачен крвен притисок при доаѓањето во амбулантата поради друга симптоматија.

Кардиологот Магдалена Отљанска појасни дека при контролите на крвниот притисок кај граѓаните доколку се увиди дека имаат покачен притисок се препорачува додатна консултација за да се следи и понатаму пациентот поради превенција од кардиоваскуларно заболување.

Светскиот ден на семејниот лекар, првпат објавен во 2010 година од страна на WONCA (Светско здружение на семејните лекари), стана ден кој ја истакнува улогата и придонесот на семејните лекари во здравствените системи во целиот свет. Во Македонија  денес има повеќе од 280 специјалисти по семејна медицина. Семејната медицина е најдобриот начин да се подобри здравјето на поединецот, семејството и заедницата. Постојат многу докази  дека здравствените системи базирани на јака примарна заштита, што вклучува силна семејна медицина, се најефикасни, праведни и трошоците се најмали. Секое семејство треба да има семеен лекар на кој му верува секој член од семејството за здравствена грижа и совет.

lekari

Би можело да ве интересира

Се апсат лица кои незаконски делеле пензии и финансиска помош за туѓа нега

Горан Наумовски23/04/2025 - 11:41

Со Водичите, поставаме пат по кој полесно ќе се движат идните генерации лекари

Горан Наумовски26/02/2025 - 15:5626/02/2025 - 16:12

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Горан Наумовски25/02/2025 - 14:31

Се степаа двајца лекари во операциона сала во штипската болница

А1он06/02/2025 - 11:50

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски19/11/2024 - 12:4219/11/2024 - 14:09

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Горан Наумовски04/11/2024 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен