Одбележан празникот 11. Октомври во Гевгелија

Од:

Во Гевгелија денеска со пригодни манифестации беше одбележан 11 Октомври Денот на народното востание и 75 годишнината од почетокот на вооруженото востание против фашистичкиот окупатор.

Чествувањето на празникот беше збогатено со присуство на делегации од боречката организација, локалната самоуправа, политички партии,пензионери,невладини организации и подржувачи на револуционерното дело кои положија цвеќе пред спомен обележјата и бистите на народните херои и паднатите борци.

Претседателот на гевгелиските борци, Ристо Марковски, во своето обраќање пред присутните го истакна значењето на овој ден за историјата на Македонија и нагласи дека претставува продолжение на вековниот стремеж и целта за која се бореле и илинденците поради што денеска на многуте жртви им се оддава почит за стореното дело.

Марковски потсети дека во НОБ Гевгелија се вклучи во 1943 година со формирањето на првиот партизански одред кој го носеше името на илинденецот Сава Михајлов.

Би можело да ве интересира

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Прилеп го чествува 11 Октомври