Одбележан Националниот ден на холокаустот – Јом Ашоа

Од:

Во Меморијалниот центар на Евреите во Скопје денеска беше одбележан Јом Ашоа – Националниот ден на холокаустот што Израел го одбележува во знак на сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето – 1943 година и на шесте милиони Евреи убиени во холокаустот.

– Во овие турбулентни времиња во кои сме сведоци на повторно оживување на нацистичките идеи во срцето на Европа, ние во Македонија преку разни форми на едукација и сплотени со заедничката идеа за живот со љубов и без омраза нема да се дозволиме да се заборави најголемиот злостор во човековото постоење, порача Пепо Леви, претседател на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија.

Во чест на одбележување на Јом Ашоа, беше откриен споменикот за сеќавање на 7.144-те жртви Евреи од Македонија, изработен од вајарката Валентина Стефановска.

– Овој паметник секогаш ќе не потсетува на нашите Евреи и на незаборавните зборови на Ели Визал „Да се заборават мртвите е исто како да ги убиеш по втор пат“, истакна Леви.

Берта Романо-Николиќ, претседателката на Еврејската заедница во Македонија пред присутните порача дека без сеќавање нема иднина, и дека не смее да се заборават шесте милиони невини жртви од кои еден милион деца кои треба да бидат основа во грижата и совеста на младите генерации и да им се овозможи да научат за холокаустот и за страдањата од Втората светска војна.

– Само додека се сеќаваме можеме да дадеме церемонијална почит, прикладна од душата, почит за жртвите. Само додека се сеќаваме, тоа наше сеќавање не може да престане. Тоа треба да е опомена за идните генерации да знаат да изразат жалење за страдањето, но истовремено да му се  посветиме на нивното сеќавање што ќе помогне да се спречи повторување на злосторството, рече Романо-Николиќ.

Комеморацијата се одбележа со изложба на цртежи од деца од основните училишта од Македонија.

Шесте комеморативни свеќи ги запали Љубомир Младеновски, еден од најстарите членови на еврејската заедницата.

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Ана Ололовска

Десница: Длабока почит кон македонските Евреи

Ана Ололовска

Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска