Oдбележан Денот на воздухопловната бригада

Од:

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска беше одбележан Денот на воздухопловната бригада чија основна мисија е остварување на блиска воздушна огнена поддршка на маневарските единици на АРМ, учество во мировни мисии и мисии од хуманитарен карактер предводени од НАТО, ЕУ, и ООН како и поддршка на институциите во Република Македонија при справување со природни непогоди и други несреќи.

vozduhoplovna-brigada-arm2

За време на свеченоста, одржан беше и аеро-митинг на кој покрај воздухопловите на Воздухопловната бригада свое учество имаа и воздухопловите на Центарот за обука на пилоти, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување.

– Полковникот Кире Колевски, пред заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, и останатите високи претставници од Министерството за одбрана и од Армијата на Република Македонија рече дека Воздухопловната бригада на АРМ е достоен наследник на настанот од 10 јуни 1992 година, кога беше остварен и историскиот лет на првиот воздухоплов во рамките на АРМ и независна Македонија.

vozduhoplovna-brigada-arm1

– Реализираната мисија во Босна и Херцеговина, партнерските цели, модернизацијата на воздухопловите, декларираните единици, обуката и достигнувањето на стандардите на Алијансата, истакна полковникот Колевски, ја доведоа бригадата на ниво на компатибилност со останатите воздухопловни единици на НАТО, соопшти денеска Министерството за одбрана.

vozduhoplovna-brigada-arm3

Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев по свеченоста за одбележување на Денот на воздухопловната бригада истакна дека Владата на Република Македонија донесела одлука за приклучување кон иницијативата за балкански регионален пристап кон противвоздушната одбрана – БРААД, а беа разгледувани и прашањата поврзани со иднината на воздухопловите кои не се оперативни.

ФОТО: МИА

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација