А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Одбележан денот на просветните работници

by Кристијан Ландов05/10/2018 - 18:13297
Share0

Сојузот на просветни работници на Македонија денеска на Свечена академија во Куманово додели признанија за најуспешните учители и професори, по повод Светскиот ден на учителот.

Добивај вести на вибер

За најдобри учители во 2017/18 учебна година избрани се Лидија Михајловска „Наце Буѓони“ од Куманово, Љупка Стоименова од „Никола Карев“ Кочани, Сузана Николовска од „Кире Гавриловски Јане“ од Прилеп, Фатиме Алии од „Живко Брајковски“ од Скопје, Гордана Угриновска од „Елпида Караманди“ од Битола и Раде Илиевски од „Рајко Жинзифов“.

Заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов, обраќајќи им се на присутните порача дека токму учителите се оние кои создаваат успешни идни генерации. Тој вети дека преку законски измени ќе работат на подобрување на воспитно-образованиот систем, посебно нагласувајќи дека ќе се скратат сегашните административни обврски.

– Ќе направиме се да добиете поддршка и од централната и во соработка со локалната власт, да може да вложиме и во инфраструктура, надграба на наставните планови, изработка на подобри учебници, но пред се во создавање на добра општествена клима за статутот и улогата на наставникот и учителот во општеството, рече Атанасов.

Претседателката на Сојузот на просветните работници на Македонија, Лидија Николовска-Георгиевска, рече дека оваа професијата е благородна, но се осврна и на предизивиците со кои се соочуваат учителите.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски посочи дека е неопходно да се вложува во подобрување на условите во кои работат учителите и наставниците и го истакна ангажманот на наставниот кадар во вкупниот воспитно-образовен процес.

УНЕСКО го прогласи 5-ти октомври за Светски ден на учителите во 1993 година, а во Македонија се одбележува од 1994 година. Во фокусот на вниманието годинава, темата е „Право на образование значи право на квалификуван учител“.

prosvetni rabotnici

Би можело да ве интересира

Признанија за 11 просветни работници за придонес и особени залагања во воспитно образовната работа

А1он04/10/2021 - 16:17

Независниот синдикат за образование и наука бара зголемување на платите на просветните работници

Татјана Ташкова17/08/2019 - 11:2917/08/2019 - 12:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен