Одбележан Денот на народното востание во Гевгелија

Од:

Гевгелија со пригодни празнични манифестации денеска го одбележа Денот на борецот и 77-годишнината од почетокот на вооруженото востание за ослободување од фашистичкиот окупатор.

Чествувањето на празникот го збогатија делегациите на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Сашо Поцков ,боречката организација, политичките партии и подржувачи на револуционерното дело кои положија цвеќе и оддадоа почит пред Спомен костурницата на паднатите борци во НОВ.

– Огромно значење има овој ден за историјата на Македонија затоа што претставува продолжение на вековниот стремеж и целта за која се бореа сите што ги положија своите животи. Денеска им оддаваме должна почит и им ветуваме дека нивното дело никогаш нема да го заборавиме, рече Ристо Марковски, претседател на боречката организација од Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци