Одбележан Денот на МНР

Од:

Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска беше одбележан Денот на МНР ( 29 Април) – празник што го симболизира создавањето на македонската дипломатска служба и нејзиниот развој од основањето во далечната 1969 година до денес.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во оваа пригода им се заблагодари на вработените за квалитетното, доследно, посветено и навремено извршување на работните задачи, со несмален ентузијазам и љубов кон својата земја низ изминатите години.

Во рамки на церемонијата, министерот Попоски им врачи плакети на дел од пензионираните  вработени, а беше доделено и традиционалното признание „Млад дипломат на годината“.

Историјата на институцијата надлежна за надворешната политика започнала на 29 април пред 47 години во Скопје, кога биле поставени темелите на македонската дипломатска служба со формирањето на Бирото за односи со странство. Потоа, ова тело се трансформира во Секретаријат за односи со странство, за три години по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година да го добие името кое и денес го носи – Министерство за надворешни работи на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија