Одбележан „Денот на дрвото“ во општината Ѓорче Петров

Од:

Под мотото „За зелено Ѓорче-засади ја својата иднина“ денеска градоначалникот Сокол Митровски заедно со вработените од општината долж улицата „Партизански одреди“ засадија над 50 садници платан.

Во акцијата учество зедоа и вработените од бензиската пумпа „Лукоил“ – Ѓорче Петров, невладини организации, пензионери, граѓани, а остатокот од дрвцата беа поделени во Домови за стари лица, стопански објекти, како и по месните и урбани заедници.

Во разубавување и разеленување на зелената површина учествуваа сите ученици до деветолетка од основните училишта во општината кои садеа во училишните дворови, а најмладите во градинките.

– Колку оваа акција ќе биде успешна зависи од нас самите. Ако ги чуваме и правилно ги одгледуваме новите садници истите за некоја година ќе не „наградат“ со почист воздух, поздрава и поубава околина за живеење. Затоа апелирам до своите сограѓани заедно да ги чуваме младите дрвца и да не дозволиме никакви вандалски однесувања затоа што чувајќи ги дрвцата ќе добиеме непроценливо богатство кое во иднина за нашите деца ќе значи и поубав свет, истакна градоначалникот Митровски пред почетокот на акцијата.

Оваа акција ќе трае во текот на целиот месец и ќе бидат опфатени и делови од руралниот дел на општината каде што веќе се подготвени дупки за садење нови дрвца. Ќе бидат засадени над 85.343 дрвца од видот: аризонски чемпрес, туја, јасен, бел бор, багрем, бреза.

Би можело да ве интересира

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска