Одбележан Денот на Армијата во велешката касарна

Од:

Во Командата за обука и доктрини во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ денеска свечено беше одбележан 18 Август – Денот на АРМ.

Заменик-командантот на КОД полковник Стојанче Тодоров, кој им се обрати на присутните, истакна дека припадниците на македонската Армија се школувани и обучени во согласност со евроатланските стандарди и оти АРМ е рамноправен партнер со останатите партнерски армии.

– Со осамостојувањето на Република Македонија и формирањето на институциите на современото општество, Армијата и нејзината изградба се императив којшто ја превзема контролата на цела територија, а со тоа ја гарантира државноста на Република Македонија. Припадниците на Армијата, во периодот по формирањето, се школувани и обучувани во согласност со евроатлантските стандарди со што ние како армија сме компатибилен партнер во меѓуетничките операции, а нашите припадници воено-стручно се рамноправни со припадниците на партнерските армии, рече полковник Тодоров.

На припадници и цивилни лица во служба во АРМ им беа доделени благодарници, пофалници и награди.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски