Од „Зона мебел“ сведочеа: Јовановски купуваше мебел, а не го плати ниту со пари ниту преку компензација

Од:

„За набавката знаев дека Јовановски одбрал мебел за телевизијата, но дека ќе го компензирал со реклами. Сумата беше голема, не можеше се со компензација. Потпишавме договор. Тој во февруари подигна гарнитура. Вкупниот долг што требаше да го плати, што не беше компензација, изнесуваше 296.000 денари. Ние не знаевме за каде му е мебелот, тоа го кажав и во Обвинителството. Договорот не е испочитуван. Ни компензација, ни плаќање на ратите за мебелот. Му пративме опомена пред тужба, па девојка дошла и оставила 2.750 евра како гаранција дека долгот за мебелот ќе се плати. Станува збор за долг за кожна аголна гарнитура, две кожни фотељи и масичка од брендот ‘Калигарис’“, сведочеше Лидија Младеновиќ, ќерка на сопственикот на продавницата за луксузен мебел „Зона мебел“.

Претходно, продавачката Весна Костовска од салонот „Пјер Карден“ за луксузен мебел и теписи, сведочеше дека обвинетиот Бојан Јовановски од таму купил само ТВ комода.

При претресот кај Јанева пред да биде притворена, беше одземена гарнирутура.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог