Од задутре второ прскање против комарци

Од:

Од задутре до 14-ти овој месец ќе се изврши втората  авиодезинсекција, прскање против возрасни комарци со широкопојасен инсектицид, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.

Прскањето против комарци ќе се спроведе на локации во општините Дојран, Чешиново-Облешево, Охрид и Ресен, 4 локации утврдени како приоритетни од Министерството за транспорт и врски, во соработка со Министерството за здравство.

Дезинсекцијата ќе биде извршена на вкупна површина од 4.400 хектари по воздушен пат.

Според Министерството за транспорт, задутре (11 јули) ќе се спроведе прскање во општина Дојран на вкупна површина од 1.000 хектари и во општина Чешиново-Облешево на површина од 900 хектари,  а в понеделник (14 јули) во општина  Охрид на површина од 1.500 хектари, и во Ресен на површина од 1.000 хектари.

– Препаратот за прскање (Аква К-отрин) кој ќе се употреби при претстојното прскање, е со брзо почетно дејство, висока ефикасност, минимална доза и со висок коефициент на безбедност, согласно препораките на Светската здравствена организација за заштита на населението и неговата животна средина, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Прскање против комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција), се изврши и минатиот месец, во пресрет на летниот период и туристичката сезона, со цел да се намали присуството на комарци.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски