Од вторник ќе се врши тестирање на проектот „Безбеден град“

Од:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор.

Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.

За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.

Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.

Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка