ВИДЕО: Од возачот се очекуваат клучни информации за несреќата

Од:

Седуммина од патниците кои што се хоспитализирани во Скопје сѐ уште се во критична и тешка состојба.

„Се надевам дена овие седум луѓе ќе ја надминат кризата”, изјави премиерот Зоран Заев по посетата на повредените во Градската општа болница „8 Септември”.

Тој потенцираше дека бројот на жртвите до синоќешната сообраќајна на патот Скопје – Тетово е 14 лица.

Според министерот за здравство, Венко Филишче, во Градска општа болница синоќа биле примени 37 пациенти, осум се во Клиничкиот центар, двајца во тетовската болница и еден во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Од нив четворица се оперирани.

И возачот бил примен во болница, но, како што информира Филипче, му биле констатирани лесни телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување. Обвинителот е во постојан контакт со него и се надеваат дека тој ќе даде клучни информации како настанала несреќата. Меѓу повредените во Градска има 19-годишно девојче, како и портпарол на ЕВН.

Премиерот и министерот за здравство се надеваат дека сите повреднеи ќе бидат добро.

Заев, Филипче и вицепремиерот Бујар Османи кои ги посетија повредените во Градската општа болница „8 Сепетмври”, изразија благодарност до сите служби за брзата реакција.

Посебна благодарност премиерот упати кон жителите на селото Ласкарци, кои што први излегле на местото на несреќата за покажаната човечност и големина, што за многумина било од пресудно значење за спасувањето на животите.

„Сакам да потенциран дека нашиот фокус е кон помош на повредените, како и помош на семсјствата на загинатите“, рече премиерот.

Најмногу од пациентите биле донесени во Градската општа болница, каде вработените реагирале максимално професионално и брзо, но ја истакна и помошта добиена од приватните болници, кои што исто така помагале во профаќањето на пациентите.

Тие апелираат до семејствата да бидат смирени и дека ќе ги добијат сите потребни информации за повредените. Во болниците се назначени лица за контакт со нив. Тие потенцираат дека имало потешкотии само околу идентификувањето на починатите, а за сите останати е познат идентитетот.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски