Од утре упис на првачиња во Аеродром според протокол

Од:

Од утре, почнува уписот и тестирањето на првачињата во сите основни училишта во Општина Аеродром и тоа по строго утврдени правила како мерки за заштита од коронавирусот. Пред влезот на секое училиште ќе има поставено средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и едукативно-инфотмативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки.

На сите родители и деца кои имаат закажан термин за упис, и тоа во интервали од 20 минути, на влезот ќе им се мери температурата со дигитален топломер.

Родителите задолжително треба да носат заштитна маска на лицето и ракавици и да одржуваат физичко растојание. Исто така, треба да знаат дека е строго забрането групирање на присутните во училиштето.

Разговорот со секое дете што се запишува во прво одделение ќе се врши во определена просторија за таа намена, која овозможува најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните. Во неа може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите или старателите на детето. Просторијата почесто ќе се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите.

По завршување на секој разговор просторијата ќе се исчисти и со специјално средство против вируси ќе се дезинфицираат работната површина на која се работело со детето и подот. Во оваа просторија и на излезот од училиштето ќе бидат поставени корпи за отпадоци со капак.

Општината апелира да се почитува овој протокол за упис на првачињата, изготвен во согласност со препораките на Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Германската полиција уапси Хрват поради дрон над аеродромот

Тревога во Германија: Аеродромот во Минхен итно затворен поради дронови

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски