Од утре учениците ќе знаат кој ден ќе полагаат екстерно

Од:

Од утре во основните и средните училишта каде треба да се спроведе екстерното тестирање ќе бидат објавени имињата на учениците со денот кога ќе полагаат.

Три дена пред тестирањето, учениците ќе бидат информирани кои два предмета ќе ги полагаат.

– Училиштата имаат обврска овие распореди утре пред почетокот на наставата да ги постават на видно место, со цел учениците да се запознаат на која дата ќе полагаат. Распоредите дополнети со предметот кој ќе го полагаат учениците, ќе се објавуваат секој ден, односно три дена пред секое тестирање, истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска на прес-конференција.

Покрај во училиштата, распоредите ќе бидат објавувани и од страна на Државниот испитен центар на веб страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

Резултатите од тестирањето ќе бидат објавувани етапно, со тоа што предност и во полагањето и во добивањето на резултатите ќе имаат осмооделенците поради претстојните уписи во средните училишта што ќе се одржат на 23 јуни, односно на 18 јуни во Спортската академија.

Прашањата за екстерното тестирање беа објавени пред речиси еден месец, а, како што информира министерот Ристовски, прифатени се и 3.461 забелешка и направена е соодветна корекција на прашањата.

Со екстерното тестирање ќе бидат опфатени вкупно 189.037 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, како и 18.126 наставници во 680 основни и средни училишта. Тестирањето ќе го следат 638 набљудувачи, а ќе бидат ангажирани и 175 администратори. Активни ќе бидат и инспекторите на Државниот просветен инспекторат, а отворени ќе бидат и кол центрите на Државниот испитен центар.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците